1245
година From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
1245 (MCCXLV) — година според општоприфатениот календар. Тоа била 1245 година од новата ера, 245. од вториот милениум, 45. од XIII век и шеста од 1240-тите.
Remove ads
Други календари
Истата година се среќава поинаку во календарите на различни народи и култури. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.
Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 6753 и 6754 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г. п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 5995 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 5005 и 5006 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г. п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 1998.
Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61 година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г. п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г. п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 1245 година се протега во 3881 и 3882, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 3941 и 3942 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 г. п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 1788. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 642 и 643 исламска година.
Remove ads
Настани

- 21 февруари - Финскиот епископ Тома бил отповикан од Папа Инокентиј IV.
- 16 април - Папа Инокентиј IV го испраќа Џовани Плано Карпини во монголскиот двор за да им сугерира да го прифатат христијанството и да се приклучат на Крстоносните војни.
- 28 јуни - Отвора Прв Лионски собор, во текот на кој Фридрих II е екскомунициран и соборен, а се објавува Седма крстоносна војна.
- Јован III Дука Ватац стапува во сојуз со Светото Римско Царство преку бракот со Констанца II од Хоенштауфен, ќерка на Фридрих II.
- Повторната изградба на Вестминстерската опатија започнува во Англија.
- Пронајдена е верзија на Грбот на Хамбург.
- За првпат се споменува градот Мшчонув.
- Градот Минхеберг добива градски статус.
- Градот Холцминден добива градски статус.
- Градот Копенхаген добива градски статус со повелбата од Јакоб Ерландсен .
Remove ads
Родени
- 16 јануари - Едмунд, Прв Ерл на Ланкастер и син на Хенри III (п. 1296)
- 3 април - Филип III, француски крал од Капетинската династија.
- непозната дата - Бонифациј Савојски
- Џована да Сигна, италијански светец (п. 1307)
Починале
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads