1230
година From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
1230 (MCCXXX) — година според општоприфатениот календар. Тоа била 1230 година од новата ера, 230. од вториот милениум, 30. од XIII век и прва од 1230-тите.
Remove ads
Други календари
Истата година се среќава поинаку во календарите на различни народи и култури. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.
Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 6738 и 6739 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г. п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 5980 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 4990 и 4991 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г. п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 1983.
Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61 година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г. п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г. п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 1230 година се протега во 3866 и 3867, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 3926 и 3927 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 г. п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 1773. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 627 и 628 исламска година.
Remove ads
Настани
По област
Африка
- Сундијата Кеита започнува да владее со Царство Мали (приближен датум).
- Во Западна Африка во село Сиби, Сундијата Кеита ги принудува Мандинките да дадат заклетва за верност.
Азија
Европа

- 9 март - Битка кај Клокотница: Бугарскиот цар Иван Асен II го поразува Теодор Ангел Дука Комнин. По ова, Бугарија бргу ја проширила контролата врз повеќето територии на Теодор во Тракија, Македонија и Албанија. Латинското Војводство Филипопол и независното кнежевство на Алексиј Слав, исто така, биле припоени кон Бугарија[1].
- Пиринејски Полуостров - Битка кај Аланхе: Алфонсо IX Леонски го поразува Ибн Худ ел-Јамани. Овој успех го отвора патот до Бадахос[2].
- 24 септември - Кралство Леон и Кралство Галисија се обединуваат со кралствата на Кастиља и Толедо, на чело со Фердинанд III на Кастилски.
- Создадена е „Кармина Бурана“.
- Создаден е „Болоњски псалтир“ (приближна дата).
- На власт во Тавантинсују доаѓа вториот познат Сапа Инка Синчи Рока, наследувајќи го Манко Капак.
- По враќањето на Фридрих II, папските трупи го напуштаат Неапол а царот склучува мир со Папа Григориј IX, повлекувајќи ја екскомуникацијата.
- На чело на Бохемија доаѓа Венцеслав III.
- Успенската катедрала во Киев е разрушена од земјотрес.
- За првпат се споменува градот Алтландсберг.
- За првпат се споменува градот Милберг (Бранденбург).
- Гетинген добива градски права.
- За првпат се споменува градот Мајнинген.
- Изграден е замокот во Хадли Фарм.
Remove ads
Родени
- Одо Бургундски, гроф од Невер (п. 1266)
- Рудолф I, маркгроф од Баден (п. 1288)
- Костанца Ана Хоенштауфен, царица на Никеја (п. 1307)
- Атанасиј I Цариградски, Вселенски патријарх.
Починале
- 2 мај - Вилијам де Бруз, англонормански благородник (обесен)
- 28 јули - Леополд VI, војвода на Австрија (р. 1176)
- 23 септември (или 24 септември) - Алфонсо IX Леонски (р. 1171)
- 25 октомври - Гилберт де Клер, англиски војник (р. 1180)
- 15 декември - Отокар I Бохемиски
- Декември 23 - Беренгарија Наварска, сопруга на Ричард I
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads