1268
година From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
1268 (MCCLXVIII) — престапна година според општоприфатениот календар. Тоа била 1268 година од новата ера, 268. од вториот милениум, 68. од XIII век и деветта од 1260-тите.
Remove ads
Други календари
Истата година се среќава поинаку во календарите на различни народи и култури. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.
Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 6776 и 6777 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г. п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 6018 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 5028 и 5029 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г. п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 2021.
Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61 година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г. п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г. п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 1268 година се протега во 3904 и 3905, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 3964 и 3965 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 г. п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 1811. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 666 и 667 исламска година.
Remove ads
Настани
По тема
Војна и политика
- 18 февруари - Битка кај Везенберг: Ливонскиот ред е поразен од Довмонт Псковски.
- 23 август - Битка кај Талакоцо: Армијата на Шарл I Анжујски ги победува поддржувачите на Конрадин.
- 29 октомври - Конрадин, последниот легитимен машки наследник на династијата Хоенштауфеновци е погубен.
- Кралот Стефан V започнува војна против Бугарија.
- Грофовија Вернигероде станува вазална држава на Маркгрофовија Бранденбург.
- Во Венеција се основа функцијата Дужд на Венеција, за да се намали влијанието на моќните поединечни семејства.
- Папа Климент IV умира. Следните папски избори не успеваат, па речиси три години не постои нов папа.
Култура
По место
Азија
- 18 мај - Битка кај Антиохија: Кнежевство Антиохија, држава на крстоносците, паѓа под контрола на Мамелучкиот Султанат. Неговото уништување е толку големо што трајно го намалило значењето на градот.
- Битка кај Сјангјанг, 6-годишна битка помеѓу кинеската династија Сунг и монголските сили на Кублај-кан.
- Кублај-кан испраќа емисар во Јапонија, барајќи потврда за плаќање на данок; Јапонците одбиваат по кое следува подготовка за инвазија во Јапонија.
- Земјотрес во Киликија убива околу 60.000 луѓе.
Remove ads
Родени
- Април / јуни - Филип IV, француски крал од Капетинската династија.
- Света Клара Монтефалко (п. 1308)
- Матилда, грофица од Артоа (п. 1327)
Починале

- 15 мај - Петар II Савојски (р. 1203)
- 29 октомври
- 29 ноември - Папа Климент IV
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads