1286

година From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

1286 (MCCLXXXVI) — година според општоприфатениот календар. Тоа била 1286 година од новата ера, 286. од вториот милениум, 86. од XIII век и седма од 1280-тите.

< XII век XIII век XIV век >
01020304050607080910
11121314151617181920
21222324252627282930
31323334353637383940
41424344454647484950
51525354555657585960
61626364656667686970
71727374757677787980
81828384858687888990
91929394959697989900
Кратки факти
Remove ads

Други календари

Истата година се среќава поинаку во календарите на различни народи и култури. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.

Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 6794 и 6795 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г. п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 6036 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 5046 и 5047 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г. п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 2039.

Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61 година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г. п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г. п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 1286 година се протега во 3922 и 3923, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 3982 и 3983 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 г. п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 1829. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 684 и 685 исламска година.

Remove ads

Настани

По област

Африка

  • Абу Закарија воспоставува кнежевство во центарот на Беџаја, што станува главен соперник на Хафсидската династија со седиште во Тунис[1].

Азија

  • Кублај-кан ја завршува последната инвазија врз Јапонија, повлекувајќи се поради недостаток на неопходни ресурси.

Европа

  • 6 јануари - Филип IV е крунисан за крал на Франција.
  • 19 март - Кралот на Шкотска Александар III умира, оставајќи го како наследник единственото негово неродено дете и 3-годишната Маргарета. По ова започнува Војна за независност на Шкотска и зголеменото влијание на Англија над Шкотска.
  • Царот Рудолф I ги прогласува закон според кој на сите евреи им се негира политичката слобода.
  • Гвелфите од Република Сиена им овозможуваат на бунтовниците на прогонетите гибелини да се вратат назад во градот[2].
Remove ads

Родени

  • 8 март - Јован III, војвода од Бретања (п. 1341)
  • 30 јуни - Јован де Варен, англиски благородник (р. 1347)
  • датум непознат - Јован Палеолог, византиски принц и гувернер на Солун (п. 1307)
  • веројатно
    • Сер Јаков Даглас, шкотски патриот (п. 1330)
    • Хју Деспенсер Помладиот, англиски лорд (п. 1326)
    • Вилијам I, гроф од Ено (п. 1337)
    • Џон Клин, ирски хроничар

Починале

Thumb
Кралот Александар III Шкотски

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads