1276
година From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
1276 (MCCLXXVI) — престапна година според општоприфатениот календар. Тоа била 1276 година од новата ера, 276. од вториот милениум, 76. од XIII век и седма од 1270-тите.
Remove ads
Други календари
Истата година се среќава поинаку во календарите на различни народи и култури. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.
Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 6784 и 6785 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г. п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 6026 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 5036 и 5037 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г. п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 2029.
Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61 година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г. п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г. п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 1276 година се протега во 3912 и 3913, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 3972 и 3973 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 г. п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 1819. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 674 и 675 исламска година.
Remove ads
Настани
По област
Африка
- Мамелучкиот султан Бајбарис го освојува ел-Марис.
Америка
- Големата 23-годишна суша започнува да влијае на областа околу Големиот кањон, на крајот принудувајќи ги Анасазите да мигрираат надвор од регионот.
Азија
- Февруари - Жителите од династија Сунг во Кина и стотици илјади нејзини државјани бегаат од Хангџоу во Фуџен, а потоа и во Гуангдунг, во обид да побегнат од инвазија на Кублај-кан од династија Јуен.
- 14 јуни - Династија Сунг во провинцијата Фуџоу спроведува церемонија на крунисување за принцот за цар на земјата.
Европа
- 21 јануари - Папата Икокентиј V го наследува Папа Григориј X, како 185-тиот папа.
- 9 март - Аугсбург и Равенсбург стануваат кралски слободни градови.
- Јуни - Кралот Рудолф I објавува војна против кралот Отакар II, негов политички соперник; до ноември, Отакар II е принуден да отстапи четири важни територии.
- 11 јули - Папа Адријан V го наследува Папа Инокентиј V, како 186-тиот папа.
- 13 септември - Папа Јован XXI го наследува Папа Адријан V како 187-ти папа, станувајќи четврти папа оваа календарска година кој ја извршува функцијата.
- Стефан Драгутин станува Крал на Србија.
- Во Валенсија се појавува бунт на Мудехарите[1].
Remove ads
Родени
- 3 мај - Луј де Евре, син на кралот Филип III Храбриот (п. 1319)
- 29 септември Кристофер II Дански (п. 1332)
- 19 октомври - Принц Хисаки, јапонски шогун (п. 1328)
- Матилда, германски владетел (п. 1318)
- Вахтанг III Грузиски (п. 1308)
- Хемфри де Бохун (п. 1322)
Починале

- 10 јануари - Папа Григориј X
- 22 јуни - Папа Инокентиј V
- 27 јули - Крал Јаков I, крал на Кастиља (р. 1208)
- 18 август - Папа Адријан V
- 30 ноември - Канезава Санетоки, јапонски член на кланот Hōjō (b. 1224)
- Гвидо Гвиницели, италијански поет
- Матилда, грофица од Сарбрикен (р. 1224)
- Василиј, Голем кнез од Владимирско-суздаљско Кнежевство (р. 1241)
- Ахмад ел-Бадави, марокански верски водач (р. 1199)
Remove ads
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads