1250

година From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

1250 (MCCL) — година според општоприфатениот календар. Тоа била 1250 година од новата ера, 250. од вториот милениум, 50. од XIII век и прва од 1250-тите.

< XII век XIII век XIV век >
01020304050607080910
11121314151617181920
21222324252627282930
31323334353637383940
41424344454647484950
51525354555657585960
61626364656667686970
71727374757677787980
81828384858687888990
91929394959697989900
Кратки факти
Remove ads

Други календари

Истата година се среќава поинаку во календарите на различни народи и култури. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.

Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 6758 и 6759 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г. п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 6000 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 5010 и 5011 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г. п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 2003.

Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61 година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г. п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г. п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 1250 година се протега во 3886 и 3887, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 3946 и 3947 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 г. п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 1793. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 647 и 648 исламска година.

Remove ads

Настани

По место

Свет

Европа

  • Февруари - По смртта на Ерик XI Шведски на 2 февруари, Валдемар I Шведски, кој е најстариот син на Биргер Јарл, станува првиот шведски крал од династија Фолкунг.
  • 30 април - Кралот Луј е ослободен од неговите египетски киднапери, откако плаќа откуп од милион динари.
  • 12 октомври - Голема бура го смени правецот на реката Ротер.
  • 13 декември - Умира Фридрих II, Цар на Светото Римско Царство. По неговата смрт започнува 23-годишен интерегнум. Фридрих II е последниот римски цар од Хоенштауфеновците. По крајот на војната, царството преминува под власта на Хабсбурговците.
  • Ломбардскиот Сојуз се распушта по смртта на Фридрих II.
  • Кралот Алфоно III Португалски го освојува Алгарве од Маврите, со што завршува протерувањето на Маврите од Португалија.
  • Алберт Велики го наоѓа елементот арсен, како осми откриен метал.
  • Основан еУниверзитет Ваљадолид во Шпанија.
  • Мостот Ријалто во Венеција (во денешна Италија) е изграден со дрвена конструкција.
  • Неаполска чума се распространува во градот Неапол.
  • Вилар де Онекурт ја црта првата позната слика на пилана.

Азија

  • Започнува собирот во Курултај на повик од Бату-кан во Сибир, како дел од маневрирањето за избор на Монгке-кан, како кан на Монголското Царство во 1251.

Африка

  • 6 април - Битка кај Фарискур: Луј IX е заробен од муслиманските сили.
  • Мамелуците ја преземаат власта во Египет.

Океанија

  • Самоа се ослободува од владеењето Царство Тонга.

По тема

Трговија

  • Банкарите од Република Сиена, кои припаѓаат на фирма позната како Гран Тавола, на чело со браќата Бонсињори, стануваат главни финансиери на Папството.

Религија

Remove ads

Родени

Починале

Thumb
Ерик XI Шведски
Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads