1220
година From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
1220 (MCCXX) — престапна година според општоприфатениот календар. Тоа била 1220 година од новата ера, 220. од вториот милениум, 20. од XIII век и прва од 1220-тите.
Remove ads
Други календари
Истата година се среќава поинаку во календарите на различни народи и култури. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.
Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 6728 и 6729 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г. п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 5970 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 4980 и 4981 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г. п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 1973.
Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61 година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г. п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г. п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 1220 година се протега во 3856 и 3857, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 3916 и 3917 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 г. п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 1763. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 616 и 617 исламска година.
Remove ads
Настани

- 26 мај - Фридрих II им дава суверени права на бискупите.
- мај - Френциск Асиси поднесува оставка од раководството на Редот на Фрањевците.
- 8 август - Ливонска крстоносна војна: Естонците ги победуваат Швеѓаните во Битката кај Лихула.
- 22 ноември - Фридрих II е крунисан за Цар на Светото Римско Царство од страна на Папа Хонориј III.
- Монголците ја напаѓаат територијата на Харезмитите. Бухара и Самарканд се освоени.
- Доминиканскиот ред е одобрен од папата.
- Конрад Пјаст ги протерува Прусијците од територија на Хелминската земја.
- Германската Хоенштауфен династија, која владеела со Сицилија од 1194, го прифаќа Палермо како главно свое место.
- Дордрехт добива градски права, што го прави најстариот град во денешна Холандија.
- Љубљана ги добива своите градски права.
- Во исламските земји во Средна Азија се освоени од војските на Џингис Кан.
- Основано е Кралство Сухотај.
- Свети Бенедикт е канонизиран од Римокатоличката црква.
- Готската архитектура станува сè попопуларна во Европа.
- Реконструкцијата на катедралата во Шартр, која била уништена од пожар во 1194.
- Започнува обнова на Амјенската катедрала[1]
- Започнува обновата на Јоркшката катедрала.
- Започнува изградбата на Солсбериската катедрала
- Започнува обнова на градот Лондон.
- Започнува изградба на црквата Свети Никола во Берлин.
- Изградена е црквата во градотв Гадебуш.
- За првпат се споменува замокот Турјак.
- Градот Либен (Шпревалд) добил градски права.
- За првпат се споменува замокот во градот Хетштет.
Remove ads
Родени
- 11 ноември - Алфонс, син на Луј VIII (п. 1271)
- Александар Невски, голем кнез на Новгород и Владимир и светец.
- Јоана Тулушка, (п. 1271)
- Пшемисл I (п. 1257)
- Томас Лермонт, шкотски благородник (п. 1297)
- Валтер де Бург, Прв Ерл од Алстер (п. 1271)
- Јарослав III Тверски, Големи војвода на Владимир
Починале
- 17 февруари - Теобалд I, војводата од Лорен
- 15 април - Адолф I фон Алтена, архиепископ на Келн
- 1 јуни - Хенри де Бохун, Прв Ерл од Херефорд (р. 1176)
- 3 ноември - Урака Кастилска, сопруга на кралот Афонсо II Португалски (р. 1186)
- Михаил Хонијат, византиски писател
- Фаруид од-Дин Мухамед ебн Ебрахим Атар, персиски мистичен поет
- Саксо Граматик, дански историчар (р. 1150)
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads