1236
година From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
1236 (MCCXXXVI) — престапна година според општоприфатениот календар. Тоа била 1236 година од новата ера, 236. од вториот милениум, 36. од XIII век и седма од 1230-тите.
Remove ads
Други календари
Истата година се среќава поинаку во календарите на различни народи и култури. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.
Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 6744 и 6745 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г. п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 5986 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 4996 и 4997 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г. п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 1989.
Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61 година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г. п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г. п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 1236 година се протега во 3872 и 3873, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 3932 и 3933 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 г. п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 1779. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 633 и 634 исламска година.
Remove ads
Настани
Африка
- Создаден е уставот на Царство Мали, Курукан Фуга.
Азија
- 1 мај - Разија Султана е назначена за наследник на нејзиниот татко во Султанат Делхи.
- 4 од 58 окрузи во Сичуан, Кина, се освоени во Сунг од страна на монголските сили, на чело со Огатај-кан.
- Во есента 1236 година, монголеките орди со околу 35.000 стрелци, ја преминале реката Волга и ја нападнале Волшка Бугарија. По една година тие успеале да ја заземат целата нејзина територија
Европа

- 14 јануари - Хенри III се оженил со Елеонора Прованска.
- 29 јуни - Кордоба е освоена од кастилските војници, како дел од Реконквистата на Пиринејскиот Полуостров[1]. Големата џамија е претворена во римокатоличка катедрала.
- 22 септември - Битката кај Соул: Литванците ги победуваат Ливонските браќа на мечот.
- Волшка Бугарија е освоена од страна на монголските сили на чело со Бату-кан.
- Турнир во Англија се претвора во битка помеѓу северните и јужните граѓани на кралството, но мирот е обновен од страна на папскиот легат[2].
- По поразот на Хенрик од својот татко, царот Фридрих II, во општината повторно се создава Ломбардскиот Сојуз.
- Со помош на Фридрих II, Езелино III застанал како управител на градот Падова.
- Престанува регенството на Бланка Кастиљска над својот син Луј IX Светиот.
- Плен добива градски права.
- Дутинхем добива градски права.
- Создавање на бугарската воена флота, по наредба на царот Иван Асен II. Во тоа време, Бугарија излегува на три мориња, па царот неминовно сметал дека му е потребен таков опфат за да може да се спротивстави на соседните непријатели, наредувајќи да се изградат 25 галии.
По тема
Уметност
- 6 мај - Умира Роџер Вендовер, бенедиктински монах и летописец во Сент Олбанс.
Трговија
- Сушата предизвикува неуспех на жетвата и води до еден од најголемите гладови на векот во Европа.
Религија
- Изградена е црквата Св. Климент во Небел (Амрум).
Remove ads
Родени
Починале
- 14 јануари - Свети Сава (р. 1175)
- 29 јули - Ингеборга Данска, кралица на Франција (1175)
- 6 мај - Роџер Вендовер, англиски монах
- 26 ноември - ел-Азиз Мухамед, емир на Алеп (р. 1216)
- Џон Ибелин, Господар на Бејрут (р. 1179)
- Кајкубад I, селџучки султан.
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads