1244
година From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
1244 (MCCXLIV) — престапна година според општоприфатениот календар. Тоа била 1244 година од новата ера, 244. од вториот милениум, 44. од XIII век и петта од 1240-тите.
Remove ads
Други календари
Истата година се среќава поинаку во календарите на различни народи и култури. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.
Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 6752 и 6753 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г. п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 5994 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 5004 и 5005 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г. п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 1997.
Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61 година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г. п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г. п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 1244 година се протега во 3880 и 3881, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 3940 и 3941 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 г. п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 1787. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 641 и 642 исламска година.
Remove ads
Настани

- 16 март - По успешната деветмесечна опсада на Монтсегур, француските кралски сили запалуваат 210 катари.
- Реконквиста во Шпанија:
- 26 март - Со договорот од Алмирза, кралот Јаков I и Алфонсо Х Кастилски постигнуваат договор за распределба на муслиманските земји по крајот на војната[1].
- 22 мај - Јаков I го зазема градот Ханита, по неколкумесечна опсада[2] Овој успех е проследен со освојување и на Баир подоцна истата година[3].
- Јаков I ја освојува Алтеја, Шпанија.
- Алфонсо Х Кастилски спроведува серија воени операции, за поддршка на муслиманските худитски владетели на Мурсија против бунтовничките упоришта [4]
- Опсадата и падот на Ерусалим води кон Седма крстоносна војна.
- Султан Малик ел-Муатам ги уништува градските ѕидини на Ерусалим.
- 23 август - Ерусалимската кула се предава на Хорезмитите.
- 17 октомври - Битка кај Форбиј: Силите на Кралство Ерусалим се поразени од муслиманските сили.
- Ришар де Бур станува Голем мајстор на витешкиот ред Темплари.
- Бил основан градот Фридланд (Мекленбург).
- За првпат се споменува Травник.
- За првпат се споменува градот Озал.
- За првпат се споменува црквата посветена на Свети Козма и Дамјан во градот Високи.
- Анклам ги добива своите градски права.
- Започнува да се гради замокот во Витшток.
Remove ads
Родени
- 24 јуни - Хајнрих I, ландграф од Хесен (п. 1308)
- Архиепископ Хајнрих II Фирнебург (п. 1332)
- Папа Јован XXII
Починале
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads