1256
година From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
1256 (MCCLVI) — престапна година според општоприфатениот календар. Тоа била 1256 година од новата ера, 256. од вториот милениум, 56. од XIII век и седма од 1250-тите.
Remove ads
Други календари
Истата година се среќава поинаку во календарите на различни народи и култури. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.
Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 6764 и 6765 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г. п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 6006 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 5016 и 5017 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г. п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 2009.
Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61 година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г. п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г. п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 1256 година се протега во 3892 и 3893, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 3952 и 3953 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 г. п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 1799. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 653 и 654 исламска година.
Remove ads
Настани

По место
Европа
- 4 мај - Папа Александар IV ја издава папската була „Licet ecclesiae katolicae“.
- * За првпат се споменува градот Лавов.
- Теодор II Ласкарис, византискиот цар (Никејско Царство), успешно спроведува воен поход во Тракија против Бугарија.
- Основано е Абингдонското училиште во Англија.
- 25 август: Во Болоња се укинува ропството.
- Роџер Бејкон станува францискански монах.
- Осветена е црквата Санта Костанца во Рим.
- Започнува Војна за наследството на Евбеја, помеѓу Франкократија и Република Венеција.
- Тома Берар станува Голем мајстор на витешкиот ред Темплари.
Азија
- 30 јуни - Големата вулканска ерупција во Харат Рахат (во близина на Медина) е поврзана со исламски пророштва.
- Октомври - Монголскиот командант Бајџу Нојан (кој дејствува под команда на Хулагу-кан ги предводи своите сили во победата над Иконискиот Султанат со што ја освојува Анадолија.
- 15 декември - Хулагу-кан го уништува движењето на Асасините во Аламут, денешен Иран.
- Хулагу-кан ја воспоставува династијата Илканат во Персија, која ќе стане една од четирите главни поделби на Монголското Царство.
Remove ads
Родени
Починале
- 28 јануари - Вилијам II, гроф од Холандија
- 12 април - Маргарита Наварска, регент на Навара (п. 1217)
- 13 јуни - Танкеј, јапонски вајар (п. 1173)
- 21 септември - Вилијам Килкенски, лорд канцелар од Англија
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads