1227

година From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

1227 (MCCXXVII) — година според општоприфатениот календар. Тоа била 1227 година од новата ера, 227. од вториот милениум, 27. од XIII век и осма од 1220-тите.

< XII век XIII век XIV век >
01020304050607080910
11121314151617181920
21222324252627282930
31323334353637383940
41424344454647484950
51525354555657585960
61626364656667686970
71727374757677787980
81828384858687888990
91929394959697989900
Кратки факти
Remove ads

Други календари

Истата година се среќава поинаку во календарите на различни народи и култури. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.

Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 6735 и 6736 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г. п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 5977 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 4987 и 4988 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г. п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 1980.

Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61 година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г. п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г. п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 1227 година се протега во 3863 и 3864, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 3923 и 3924 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 г. п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 1770. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 624 и 625 исламска година.

Remove ads

Настани

  • Јануари
    • Ливонска крстоносна војна: Ливонските браќа на мечот и нивните сојузници на крстоносците го преминуваат морскиот мраз од копното на Естонија и ги поразуваат последните естонски упоришта на Муху и Саремаа. Ова го означува крајот на естонскиот поход во Ливонската крстоносна војна. Данска Естонија и Талин ги добиваат своите градски права.
    • * Хенри III станува полнолетен и го презема престолот на Англија[1].
  • 11 јануари - За првпат се споменува градот Пожега, во Повелбата на Андреј II Унгарски.
  • март - Англија склучува примирје со Франција.
  • 19 март - Папа Григориј IX го наследува Папа Хонориј III, како 178-ти папа.
  • 24 ноември - Убиен е принцот Лешек Белиот, Голем војвода на Полска, за време на собрание на полските властелини во Гонсава.
  • Новиот папа го присилил на Фридрих II, цар на Светото Римско Царство да го почитува договорот за започнување на крстоносна војна. Царот својот поход го започнал од Бриндизи, но поради голема епидемија тој се вратил, поради што бил екскомунициран.
  • Во Алмохадскиот калифат починал Абу Мухамад Абд Алах ел-Адил, и бил наследен од страна на ел-Мутасим.
  • На Јава починал Ангрок, по кое власта ја презел неговиот син Анушапати.
  • Основан е Валкенридскиот манастир.
  • Хајлбад Хајлигенштат ги добил правата на град од надбискупот на Мајнц.
  • Данците се поразени во Битката кај Борнхеовед кое довело до загуба на територии населени со Германи и Словени.
  • Основена е Династија Верле од страна на Никола I.
  • Пронајдени се најстарите пишани податоци за селото Таор.
  • За првпат се споменува селото Бистрица (Велешко).
  • Теодор Комнин Дука, епирскиот деспот, го освоил градот Одрин.
  • Градот Куресаре е освоен од Ливонското братство на мечот на чело со Волквин[2].
  • Ханза добила статус на слободен царски град.
Remove ads

Родени

  • Февруари - Вилијам II, гроф од Холандија.
  • 30 септември - Папа Никола IV (п. 1292)
  • приближна дата - Елизабета Баварска, кралица на Германија (п. 1273)
  • Шарл I Сицилиски

Починале

Thumb
Џингис Хан

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads