1210
година From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
1210 (MCCX) — година според општоприфатениот календар. Тоа била 1210 година од новата ера, 210. од вториот милениум, 10. од XIII век и прва од 1210-тите.
Remove ads
Други календари
Истата година се среќава поинаку во календарите на различни народи и култури. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.
Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 6718 и 6719 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г. п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 5960 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 4970 и 4971 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г. п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 1963.
Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61 година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г. п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г. п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 1210 година се протега во 3846 и 3847, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 3906 и 3907 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 г. п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 1753. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 606 и 607 исламска година.
Remove ads
Настани

По област
Азија
Џуци, најстариот син на Џингис Кан, води поход против киргискиот народ.
Европа
- мај - Втор парламент на Ревеника се одржува во Ревеника во Централна Грција, што резултира со конкордат помеѓу кнезовите на Франкократија и римокатоличкото свештенство.
- 18 јули - Битка кај Гестилрен: Поранешниот крал Сверкер II Шведски е поразен и убиен од страна на владеачкиот крал Ерик Х Шведски.
- 18 ноември - Отон IV е екскомунициран од Папа Инокентиј III, поради неговата инвазија на јужна Италија, спротивно на Вормскиот конкордат.
- 21 ноември - Кралот Ерик Х е крунисан, што е првото познато крунисување на шведски крал. Кратко потоа, се оженил со данската принцеза Рихеза Данска, со цел да ја зајакне својата врска со данскиот крал Валдемар II Дански.
- Кралот Јован Безземниот подига £ 100,000 од црковниот имот како извонредна фискална такса. Операцијата е опишана како „непроценлива и неспоредливо изненадувачка“ од современи извори[1].
- Ливонска крстоносна војна - Битката кај Умера: Естонските сили го поразуваат Ливонското братство на мечот.
- Цитаделата на Акрокоринт во Грција се предала на Крстоносците, по петгодишна опсада.
По тема
Уметност и култура
- Готфрид фон Стразбур ја пишува својата епска поема „Тристан“ (приближен датум).
Природа
- 24 септември - Венера го прикрива Јупитер (последна таква појава до 1570 г).
Религија
- Папа Инокентиј III дава дозвола на Френсис Асиси, за да основа нов ред.
- Црквата Света Елена во Лондон е основана од Бенедиктински калуѓерки.
Remove ads
Родени
Починале
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads