1235
година From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
1235 (MCCXXXV) — година според општоприфатениот календар. Тоа била 1235 година од новата ера, 235. од вториот милениум, 35. од XIII век и шеста од 1230-тите.
Remove ads
Други календари
Истата година се среќава поинаку во календарите на различни народи и култури. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.
Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 6743 и 6744 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г. п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 5985 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 4995 и 4996 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г. п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 1988.
Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61 година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г. п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г. п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 1235 година се протега во 3871 и 3872, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 3931 и 3932 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 г. п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 1778. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 632 и 633 исламска година.
Remove ads
Настани

- Основано е Господство Верле.
- Конахт е освоен од норманските сили предводени од Ричард де Бург.
- Општа инквизиција започнува во Франција.
- Византискиот цар Јован III Дука Ватац и бугарскиот цар Иван Асен II започнуваат опсада на престолнината на Латинското Царство, Цариград. Анџело Сандо успешно преговара за двегодишно примирје.
- Елизабета Унгарска е канонизирана за светица од Папа Григориј IX.
- веројатна дата - Основана е Ланкастерска Кралска Гимназија во Англија.
- приближна дата - Битка кај Кирина: Принцот Сундијата Кеита го поразува Царство Сосо.
- Папата му дава поддршка на Фридрих II во својот спор против синот Хенрик. Синот е поразен, затворен и однесен во Апулија.
- Во Шпанија, арагонскиот крал Јаков ги освојува Мајорка, Ибица и Менорка.
- На чело на унгарскиот престол застанува Бела IV.
- За првпат се споменува градот Фридланд (Бранденбург).
- За првпат се споменува градот Дебрецин.
- За првпат се споменува градот Ошерслебен.
- Градот Малхов добил градски права.
- За првпат се споменува градот Дебрецин.
Remove ads
Родени
- 2 ноември - Хенри Алмејн, Крал на Римјаните (п. 1271)
- веројатна дата
- Папа Бонифациј VIII (приближен датум; п. 1303)
- Давид III Грифид, принц на Велс (п. 1283)
- Рамон Луљ, каталонски писател и филозоф (п. 1315)
- Јоланда Полска, светец (п. 1298)
- Арнолд Вилановски, шпански алхемичар и лекар (п. 1311)
- Адам де ла Ал, француски писател (п. 1287)
Починале
- 5 септември - Хенри I, војвода од Брабант (р. 1165)
- 21 септември - Андреј II Унгарски (р. 1175)
- 5 ноември - Елизабета Швабска, кралица на Кастиља и Леон (р. 1205)
- Андроник I Гид, цар на Трапезунтското Царство
- Давид Кимхи, француски библиски коментатор (р. 1160)
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads