1246
година From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
1246 (MCCXLVI) — година според општоприфатениот календар. Тоа била 1246 година од новата ера, 246. од вториот милениум, 46. од XIII век и седма од 1240-тите.
Remove ads
Други календари
Истата година се среќава поинаку во календарите на различни народи и култури. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.
Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 6754 и 6755 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г. п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 5996 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 5006 и 5007 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г. п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 1999.
Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61 година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г. п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г. п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 1246 година се протега во 3882 и 3883, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 3942 и 3943 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 г. п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 1789. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 643 и 644 исламска година.
Remove ads
Настани
По област
Америка
- Мексиканците го населуваат Чапултепек, поранешно толетско упориште.
Азија
- Цар Го-Фукакуса го наследува Го-Сага, на престолот на Јапонија.
- Ѓујук-кан застанува на монголскиот престол како трет голем хан на Монголското Цатство.
Европа
- Со смртта на војводата Фридрих II, војводата од Австрија, завршува владеењето на династијата Бабенберг во Австрија.
- Шпанија: По две неуспешни обиди во 1225 и 1230, Кралство Кастиља успева да го освои градот Хаен[1].
- За првпат се споменува Војводството Мекленбург.
- Грофот Вилем II му ги дал на Делфт сите градски права на 15 април 1246 година.
- Силите на Никеја покрај другите места во Македонија, го зазела и Овче Поле.
- Бер бил освоен од страна на никејскиот цар Јован III Дука Ватац.
По тема

Уметност
- Завршена е Светата капела во Париз.
- Роберт Гросетест го преведува делото на Аристотел Никомахова етика од грчки на латински, што го означува вистинскиот почеток на повторното откривање на филозофот од средновековна Европа[2].
Религија
- Осветена е катедралата во Болие.
- Црквата „Света Софија“ во Солун била повторно претворена во византиска катедрала.
- Вихман фон Арнштајн го основал манастирот во Нојрупин.
Remove ads
Родени
- 14 септември - Џон Фицалан (п. 1272)
- непозната дата
- Хју Линколнски, светец (п. 1255)
- Јута Данска, данска принцеза
- Михаил II Асен, бугарски цар
Починале
- 25 февруари - Давид II Ливелин, принц од Велс
- Јуни - Ричард Фицрој, нелегитимен син на Џон на Англија
- 4 јуни - Изабела Анголемеска, сопруга на Јован Безземниот
- 15 јуни - Фридрих II, војвода на Австрија (р. 1219)
- 20 септември - Михаил Черниговски, кнез на Киев
- 30 септември - Јарослав II (р. 1190)
- 8 ноември - Беренгела Кастилска, кралица на Кастиља и Леон (р. 1196)
- непозната дата
- Мухамед ел-Маки
- Фатима, монголски висок функционер
- Готфрид II Вилерден, кнез на Ахајско Кнежевство.
- Кајхусрав II, султан на Икониски Султанат
Remove ads
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads