1273
година From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
1273 (MCCLXXIII) — година според општоприфатениот календар. Тоа била 1273 година од новата ера, 273. од вториот милениум, 73. од XIII век и четвртта од 1270-тите.
Remove ads
Други календари
Истата година се среќава поинаку во календарите на различни народи и култури. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.
Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 6781 и 6782 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г. п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 6023 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 5033 и 5034 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г. п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 2026.
Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61 година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г. п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г. п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 1273 година се протега во 3909 и 3910, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 3969 и 3970 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 г. п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 1816. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 671 и 672 исламска година.
Remove ads
Настани
По место
Европа
- 29 септември - Рудолф I е избран за Крал на Германија над соперничкиот кандидат Отакар II, завршувајќи го интеррегнумот; Отакар одбива да го признае Рудолф како нов крал, што доведува до војна во 1276.
- 6 декември - Тома Аквински го остава недовршрно делото Summa Theologica.
- Цариградското предградие Галата е доделено на Република Џенова од Михаил VIII Палеолог, за возврат на поддршката на Џенова во текот на освојувањето на Цариград од Византија.
- Кралот Отакар II ја освојува Братислава од Унгарија.
- Алфонсо X Кастилски дава привилегии на Места за промовирање на волнената индустрија.
- Рудолф II станува војвода од Швабија.
- Гијом де Боже станува Голем мајстор на витешкиот ред Темплари.
Близок Исток
- Јули - Мамелучкиот султан Бајбарс ја освојува последната тврдина на Асасините[1].
- Декември - Следбениците на неодамна починатиот Џалалудин Руми го основаат суфискиот ред Сама во градот Конија (во денешна Турција).
Азија
- 31 јануари - 6-годишната битка кај Сјангјанг завршува, по кое командантот на силите на династија Сунг се предава на династијата Јуан на Кублај-кан.
Remove ads
Родени
- 14 јануари - Јованка I Наварска, кралица на Франција (п. 1305)[2]
- 24 ноември - Алфонсо, син на Едвард I (п. 1284)
- Ноември - Абу ел-Фида, сириски арапски историчар (п. 1331)
- непозната дата
- Давид VIII Грузиски (п. 1311)
- Евостатевос, етиопски светец
Починале

- октомври - Болдвин II, последен латински цар (п. 1217)
- 9 октомври - Елизабета Баварска (п. 1227)
- 17 декември - Џалалудин Руми, персиски исламски поет, правник и теолог
- непозната дата - Арсениј Цариградски - Вселенски патријарх,
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads