1202
година From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
1202 (MCCII) — година според општоприфатениот календар. Тоа била 1202 година од новата ера, 202. од вториот милениум, 2. од XIII век и трета од 1200-тите.
Remove ads
Други календари
Истата година се среќава поинаку во календарите на различни народи и култури. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.
Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 6710 и 6711 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г. п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 5952 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 4962 и 4963 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г. п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 1955.
Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61 година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г. п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г. п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 1202 година се протега во 3838 и 3839, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 3898 и 3899 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 г. п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 1745. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 598 и 599 исламска година.
Remove ads
Настани

По област
Азија
- 20 мај - Силен земјотрес во реонот на Сирија.
- Џингис Кан ги поразува Татарите.
Европа
- мај - октомври - Крстоносците од Четвртата крстоносна војна се собираат во Венеција.
- јули - Јован Безземниот ја спасува неговата мајка, Елеонора Аквитанска, од заробување од страна на бунтовничките сили на Артур I, војводата од Бретања[1].
- 27 јули - Битка кај Басијан: Грузијците ги поразуваат Селуџиците.
- 1 август - Артур I, војводата од Бретања е заробен во Миребо, за време на битка со силите на Јован Безземниот.
- 10 ноември - 23 - Четврта крстоносна војна - Опсада на Задар: Во првата голема акција на крстоносната војна, крстоносците го опседнуваат и освојуваат Задар во Далмација. Крстоносците не можат да ги платат трошоците на Република Венеција за нејзините придонеси во Крстоносната војна поради кое крстоносците се согласуваат да го предадат градот на Венеција како нејзин економски соперник, и покрај писмата од Папа Инокентиј III кои забранува таква акција под закана за изопштување. Ова е прв напад врз Католичката црква од страна на католичките крстоносци.
- Флотата на Алмохадите ги бркаат силите на Ганидите од Балеарските Острови[2].
- Основан е Ливонското братство на мечот, за поддршка на крстоносна војна против жителите на Средновековна Ливонија.
- Папа Инокентиј III го потврдува своето право да го оцени и круниса Светиот римски цар, во писмото до Бертхолд V, војвода од Церинген.
- Данците започнуваат крстоносна војна во Финска, која ја води архиепископот Андерс Сонсен и неговиот брат[3].
По тема
Култура
- Леонардо Фибоначи од Пиза ја пишува „Liber Abaci“.
Remove ads
Родени
Починале
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads