1201
година From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
1201 (MCCI) — година според општоприфатениот календар. Тоа била 1201 година од новата ера, 201. од вториот милениум, 1. од XIII век и втора од 1200-тите.
Remove ads
Други календари
Истата година се среќава поинаку во календарите на различни народи и култури. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.
Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 6709 и 6710 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г. п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 5951 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 4961 и 4962 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г. п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 1954.
Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61 година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г. п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г. п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 1201 година се протега во 3837 и 3838, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 3897 и 3898 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 г. п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 1744. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 597 и 598 исламска година.
Remove ads
Настани
- 31 јули - Јован Комнин Дебелиот се обидува да го узурпира престолот на Византија; тој е соборен и обезглавен до крајот на денот.
- Јован Безземниот става ембарго на пченицата извезена во Фландрија, во обид да ја принуди верноста меѓу државите.
- Градот Рига е наследен од Алберт фон Буксгевден.
- Бонифациј Монфератски е избран за водач на Четвртиот крстоносен поход, по смртта на Теобалд III.
- Папа Инокентиј III го поддржува Отон IV во изборот на цар на Светото Римско Царство против Филип Швапски.
Remove ads
Родени
- 18 февруари - Насир ел-Дин ел-Туси, персиски научник и писател (п. 1274)
- 30 мај - Теобалд I Наварски (п. 1253)
- 9 август - Арнолд Фиц Темар, англиски хроничар (п. 1274)
- 9 октомври - Робер де Сорбон, француски теолог и основач на Сорбона (п. 1274)
- Крал Ладислав III, крал на Унгарија (п. 1205)
- Данило Галички, прв крал на Галиција-Волинија (п. 1264)
- Аликс де Туар (п. 1221)
Починале
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads