1231

година From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

1231 (MCCXXXI) — година според општоприфатениот календар. Тоа била 1231 година од новата ера, 231. од вториот милениум, 31. од XIII век и втора од 1230-тите.

< XII век XIII век XIV век >
01020304050607080910
11121314151617181920
21222324252627282930
31323334353637383940
41424344454647484950
51525354555657585960
61626364656667686970
71727374757677787980
81828384858687888990
91929394959697989900
Кратки факти
Remove ads

Други календари

Истата година се среќава поинаку во календарите на различни народи и култури. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.

Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 6739 и 6740 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г. п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 5981 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 4991 и 4992 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г. п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 1984.

Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61 година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г. п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г. п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 1231 година се протега во 3867 и 3868, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 3927 и 3928 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 г. п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 1774. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 628 и 629 исламска година.

Remove ads

Настани

Азија

Thumb
Ертугрул, слика од 16 век на Дервиш Мехмед
  • 9 април - Жолтеникави облаци и прашина го задушуваат воздухот околу Хангџоу, Кина, што го замаглува небото и сонцето, а пожарот се распространува на југоисток од градот, кој продолжува да се шири и следниот ден. Борбата против пламенот оди тешко поради ограничената видливост. Кога пожарите биле изгасени, откриено е дека целата област од околу 10.000 куќи во југоисточниот дел на градот биле целосно уништени.
  • Монголските војници ја преминале реката Јалу во Кореја.
  • Освоен е градот Согут од страна на Ертугрул, татко на Осман I.

Европа

  • Италија: Фридрих II ги издава т.н. Устави од Мелфи, збирка на закони за Кралство Сицилија, како и указот од Салерно, кој го регулира користењето на медицината и одделувањето на професиите лекар и аптекар[1].
  • Ливелин Велики започнува поход против норманските господари во Велс.
  • Шпанија: Кралство Кастиља го освојува градот Кесада[2]
  • За првпат се споменува градот Бад Либенверда.
  • Ричард, првиот ерл од Корнвол се жени со Изабела Маршал.
Remove ads

Родени

  • Џон де Варен, шести ерл од Сари (п. 1304)
  • Роџер Мортимер,Прв барон од Вигмор (п.1282)

Починале

  • 6 април - Вилијам Маршал, втор ерл од Пембрук
  • 13 јуни - Свети Антун Падовански, португалски светец (р. 1195)
  • 28 август - Елеонора Португалска (р. 1211)
  • 17 ноември - Света Елизабета Унгарска, унгарска принцеза и светец (р. 1207)
  • Абд ел-Латиф ибн Јусуф ел-Багдади, арапски лекар и патник
  • Џелал ад-Дин Менгуберди

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads